Четири години Тривити: Растеме со посветеност на позитивни промени

Четири години Тривити: Растеме со посветеност на позитивни промени

Како што ја одбележуваме четвртата година од Тривити, се потсетуваме на нашите достигнувања во изминатата година. Во изминатите 365 дена Тривити доживеа значителен раст и успех благодарение на нашиот посветен тим и довербата на нашите клиенти.

Изминатава година изгледаше вака:

Повеќе од 10.000 пристигнати апликации за вработување, повеќе од 120 успешни приказни за посредување при вработување, повеќе од 200 дена поминати во консалтинг и менторски сесии надополнети со успешното комплетирање на програмите „Управување со човечки капитал“ и „Кариерен развој“, реализирани во временска рамка од 60 дена. Бевме гости на повеќе панел-дискусии организирани од нашите партнери и соработници и учесници на Денот за кариерен развој во организација на УКИМ, гости-предавачи на проектот Еразмус плус „Digi Coop for Youth employability“, организиран од Младинска алијанса – Крушево.

Покрај тоа, Тривити го прошири својот опсег и влијание со реализацијата на голем внатрешен проект за брендирање во новоотворената фабрика на BMZ Group во Скопје, меѓу другите успешно завршени проекти.

- И оваа година беше сведоштво за нашата непоколеблива посветеност да ги зајакнеме луѓето и да го поттикнеме успехот на пазарот на труд. Благодарни сме за укажаната доверба, а ние продолжуваме со истата посветеност кон нови успеси со фокус кон луѓето и управување со човечкиот капитал во организацијата и нејзината култура - изјави Поликарп Арсеновски, основач на Тривити.

- Ќе продолжиме да им помагаме на луѓето, бизнисите и заедниците да напредуваат во свет кој постојано се менува, да ги поместуваме границите на она што е можно, добро и важно, а тоа се вработените во компаниите - изјави Дејан Ваневски, партнер на Тривити.

Она со што се гордееме

Не може, а да не го споменеме Тривити софтверот, кој е срцето на сè што правиме и кој оваа година доби значителен апдејт, со цел подобрување на корисничкото искуство и јазичните функции. Со постојаното надградување и додавање нови функционалности, сакаме да направиме тој да стане неизоставна и корисна алатка во секојдневието на барање работа и вработување и да биде прв избор за луѓето што бараат работа, но и за компаниите што вработуваат.
За крај, како секогаш, остануваме отворени за сите ваши препораки, сугестии, можности за соработка – за сѐ што може да го направи нашето секојдневие побогато за нови можности за сите. Тоа ќе ни биде најубавиот роденденски подарок.
Ви благодариме што сте дел од заедницата Tривити.
Вашата постојана поддршка е нашиот најголем роденденски подарок.

(Комерцијална објава)