Втора Т Бизнис-конференција на Македонски телеком

Втора Т Бизнис-конференција на Македонски телеком

Македонски телеком ја организира втората Т Бизнис-конференција под мотото: „За нови дигитални перспективи“. Конференцијата се одржа во Велес, со фокус на мали и средни компании од Источна, Централна и Западна Македонија, како и на институционални корисници. Целта останува иста: да се промовира помасовно користење на дигиталните решенија, што ќе придонесе за забрзување на дигиталната трансформација на општеството.

Експерти од Македонски телеком презентираа и отворија дискусија на темите: сајбер-безбедност, клаудификација, дигитална канцеларија, дигитални управувани услуги и паметни ИКТ-решенија.

- Дигиталната трансформација денес е неопходна за бизнисите. Наша задача како технолошки лидер и доверлив партнер е да го поттикнеме и забрзаме тој дигитален премин, што е уникатна можност за економски раст и развој на целото општество. Токму затоа веруваме дека знаењата и решенијата за дигитализација треба да се споделат со што е можно повеќе компании низ цела Македонија, за сите заедно да можеме да одговориме на предизвиците на модерното време – изјави Марјан Богатиновски, главен директор за деловни корисници на Македонски телеком.



Решенијата што беа презентирани се дел од портфолиото на Македонски телеком, а освен постојните, се презентираше и ново оригинално решение за управување со електрична енергија кое е креирано и произведено од Македонски телеком. Се најави и продолжување на развојот на иновативно решение за телемедицина, кое ќе направи целосен пресврт во медицината во времето што доаѓа.

(Комерцијална објава)