Спектакуларни фотографии од полната „цветна“ Месечина во мај

Спектакуларни фотографии од полната „цветна“ Месечина во мај

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Полната Месечина во мај е позната како „цветна“ Месечина. Ова име потекнува од домородните американски племиња, кои го поврзувале овој пролетен небесен настан со расцветаните цвеќиња.

Иако Месечината овој пат беше малку потемна и помала од вообичаено, фотографите ги искористија временските услови за да направат неверојатни фотографии.

Астрономски, полната Месечина настанува кога Сонцето, Земјата и Месечината се наоѓаат во приближно права линија, при што Месечината се наоѓа на спротивната страна од Сонцето и целосно е осветлена од него.

„Цветната“ Месечина има важно место во народните календарски системи и сезонски набљудувања. Во некои култури таа се поврзува со агрикултурни практики, обреди на плодност и симболично значење поврзано со обновување, раст и природен циклус.





Извор: Petapixel.com
Фото: Instagram