Избери квалитет, избери традиција, избери го УКЛО: Педагошки факултет - Битола

Избери квалитет, избери традиција, избери го УКЛО: Педагошки факултет - Битола

Деканот на Педагошкиот факултет – Битола, проф. д-р Добри Петровски, од име на факултетот, во пресрет на уписите во новата академска година, објави срдечно обраќање до матурантите, кои се наоѓаат пред една од најважните фази од животот во однос на нивниот професионален развој и кариера.

Почитувани идни студенти и колеги, пред вас е еден амбициозен проект за избор на факултет, преку кој ќе го комплетирате високото образование. Развојот во најопшта смисла претставува збир од процеси и промени кои го водат поединецот кон повисоки стадиуми, подобра рамнотежа и поголема стабилност во текот на целиот живот. Затоа, тој развој се препознава преку менувањето на индивидуата, растот на компетенциите, како и растот на чувството за сопствениот индивидуалитет во процесот на учење преку сопствена акција, преку конструкција на знаења. Токму таа заложба за квалитетни промени, свесност за сопствените можности и професионално усовршување, креативно учење и совладување на дотогаш непознатото и неможното, можноста за доживотно учење преточена во милениумските цели, можете да ја пронајдете на Педагошкиот факултет во Битола. За наставничката професија, повеќе од која било друга професија, потребни се постојана мотивација, ентузијазам и посветеност. Во таа насока, наставниот кадар на Педагошкиот факултет, работните задачи ги извршува посветено, навремено и ефикасно со почит за искуството, способностите и културата на секој студент поединечно. Акредитирани студиски програми за прв циклус студии се: наставник за одделенска настава, воспитувач, македонски јазик и книжевност, англиски јазик и книжевност, социјална и рехабилитациска педагогија, информатика и техничко образование. Акредитирани студиски програми за втор циклус студии се: македонски јазик и книжевност, англиски јазик и книжевност, English language and literature (англиски јазик и книжевност), наставник за одделенска настава, воспитувач, менаџмент во образованието, образование на надарени и талентирани и информатика и техничко образование.

dobri

За трет циклус студии на Педагошкиот факултет – Битола акредитирани се студиските програми: менаџмент во образование, образовни науки, настава по јазик (македонски, англиски, германски јазик), образование на надарени и талентирани.

Педагошкиот факултет - Битола, покрај солидното стручно образование, на студентите им дава поддршка за студентско организирање, поради што студентите избираат студентски претседател и членуваат во Студентско собрание. Тие се мошне активни и успешни, не само во совладувањето на материјалот за учење, туку и во учеството во други многубројни научни, стручни и спортски активности и реализации на Еразмус+ мобилности.

elena

Светот никогаш нема да престане да трага по искусни, амбициозни, посветени и компетентни професионалци. Длабоко сме уверени дека Педагошкиот факултет во Битола е местото каде што таа потрага успешно завршува. Среќно!

pedagoski

Кон претставувањето и предностите што оваа единица на УКЛО им ги нуди на идните академски граѓани, Педагошкиот факултет - Битола ги пренесува импресиите од свои алумни и дипломирани студенти кои  говорат за изборот и остварувањето на желбите за време и по завршување на студиите на Педагошкиот факултет - Битола, бидејќи велат дека Факултетот ги подготвил не само за теоретски, туку и за практични знаења и им овозможил длабока едукативна вертикала што им помогнало да бидат успешни во педагошката професија и среќни во животот.

(Комерцијална објава)