„Инстаграм“ воведува функција за обележување лажни вести

„Инстаграм“ воведува функција за обележување лажни вести

„Инстаграм“ воведува функција за пријавување и обележување лажни вести. За да се пријави одредена содржина, ќе треба да кликнете на трите точки во горниот десен агол и да обележите „несоодветно“ или „лажно“, кое се однесува на објавата.

Содржината може да биде означена како лажна вест, по проверка на тимот на „Инстаграм“ задолжен за тоа.

Претставничката на компанијата, Стефани Отвеј, нагласи дека објавите со таква ознака нема да бидат целосно отстранети, но нивното распространување, со помош на хаштагови, на пр., ќе биде минимализирано.

„Инстаграм“ е бесплатна платформа за споделување слики и видеоснимки која нуди опции за нивно уредување и споделување на други социјални мрежи.

Извор: МИА