НАСА го користи Исланд за подготовка за Марс

НАСА го користи Исланд за подготовка за Марс

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

НАСА подолго време напорно работи за следната мисија на Марс и одлучи да спроведе нови тестови во обид да спречи какви било потенцијални проблеми. Токму затоа НАСА ќе го користи Исланд, каде што има планови да го проба нејзиниот нов вселенски ровер за претстојната работа.

За таа цел, НАСА го избра полето Ламбахраун во подножјето на вториот најголем глечер во Исланд, познат како Ланхјокул. Богатиот црн базалтен песок, богатите песочни наноси и ниските врвови ја прават оваа локација одлична за спроведување тестови бидејќи симулира некои од условите што би се појавиле на површината на Црвената Планета.

Научници и истражувачи испратени од НАСА три недели ќе престојуваат на местото што е оддалечено 100 километри од главниот град на земјата, Рејкјавик. Тие ќе работат на прототип на нов ровер. Новиот ровер ќе ја продолжи мисијата на „Кјуриосити“, кој помина седум години на Црвената Планета, во потрага по знаци на вонземјани и собирање вредни податоци, употребливи во случај на идни мисии на планетата и во осмислување стратегии за прикриени иницијативи.

Експертите велат дека Исланд, вулкански остров блиску до северниот дел на Атлантскиот Океан, ја имитира површината на Марс, па затоа е идеално место каде што НАСА може да се подготви за идните мисии на Марс.

Канадската компанија „Мишон контрол спејс сервисес“ доби задача да го тестира прототипот на роверот, што е витална компонента на проектот наречен „SAND-E“ (полуавтономна навигација на песочни средини). Прототипот е релативно мало возило напојувано од електрична енергија. Роверот се движи со помош на систем со погон на четири тркала придружува од два мотори и 12 минијатурни батерии поставени од страните. Тежок е околу 570 килограми и се движи со брзина од 20 сантиметри во секунда. Возилото мора да биде многу бавно за да може правилно да собира податоци и да ги испраќа на Земјата, објаснуваат експертите

Податоците собрани од тестовите покажуваат дека роверот е поцврст од очекуваното и поотпорен. Ако работите одат според планот, роверот ќе донесе вредни податоци, овозможувајќи им на истражувачите да дознаат повеќе за Марс.

Фото: Freepik