Вакцината против кламидија ги помина првите тестови за безбедност

Вакцината против кламидија ги помина првите тестови за безбедност

Новата британска вакцина против кламидија ги помина своите први тестови за безбедност. Тоа е прва вакцина од ваков вид тестирана врз човек.

Кламидија е бактериска инфекција што се пренесува преку сексуален однос без заштита, дури и ако нема пенетрација. Инфицираното лице често нема симптоми, поради што кламидијата се нарекува и тивка болест. Ако не се лекува со антибиотици, тоа може да доведе до сериозни компликации и да влијае врз плодноста.

Оваа сексуално пренослива болест е доста честа појава. Во Велика Британија, на годишно ниво, дијагнозата на речиси половина од регистрираните случаи на сексуално преносливи болести е кламидија. Стручните лица велат дека вакцинацијата може да биде најдобриот начин за борба против тоа.

Дополнителните тестови ќе покажат колку е ефикасна и каква доза е потребна, објави списанието „Лансет“.

Но, за тоа ќе бидат потребни години, а во меѓувреме, најдобриот начин да се избегне кламидија е да се користи кондом.

Извор: МИА