Туристички атракции со најмногу поплаки од посетителите - Ајфеловата кула е на врвот

Туристички атракции со најмногу поплаки од посетителите - Ајфеловата кула е на врвот

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Париз е градот на светлината и љубовта, но и на поплаките. Ајфеловата кула се наоѓа на врвот на една листа со туристички атракции за кои туристите имале најмногу поплаки, покажува истражување спроведено од британската веб-страница „Асвич“.

Ова барем е точно за Британците, кои ги оставаат оцените за туристичките атракции низ светот на „Трип адвајзор“. Во истражувањето биле анализирани негативните оцени на популарните атракции на „Трип адвајзор“.


Фото: Pixabay

Ајфеловата кула убедливо води на листата, а по неа се Колосеумот во Рим, Биг Бен во Лондон, пирамидите во Гиза, Статуата на слободата, знакот за Холивуд, Операта во Сиднеј, Таџ Махал, Берлинскиот ѕид и јужниот раб на Големиот Кањон.

За Ајфеловата кула биле оставени 19.303 поплаки, а оценувачите потрошиле вкупно 402 часа за да ги напишат. За Колосеумот има 1.944 поплаки, а корисниците потрошиле 41 час за да ги напишат.


Фото: Pixabay

Во анализата се разгледувале и имињата на луѓето што ги оставале поплаките. Ким и Керен се најчести женски имиња, додека Пол и Дејвид се најчести машки имиња на корисниците што напишале поплаки.

Автор: Рејчл Ченг
Извор: travelandleisure.com