Зошто европското чоколадо е повкусно од американското?

Зошто европското чоколадо е повкусно од американското?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Чоколадото е една од омилените намирници на луѓето. Но од сите чоколади во светот, она што го јадеме во Европа е највкусно. Мишел Но од „Базфид“ се преселила од Њујорк, САД, во Германија и открила зошто европското чоколадо е повкусно од американското.

Пред сè, чоколадото во Европа е покремасто. За производство на европското чоколадо се бара употреба на најмалку 14% суви млечни производи, додека во САД минимумот е 12%.


Фото: Pixabay

Во европското чоколадо мора да има и најмалку 3,5% млечни маснотии, додека во САД минимумот е 3,39%.

Освен тоа, во европското чоколадо има поголема содржина на какао, што му го дава препознатливиот вкус.

Европејците консумираат 40% од какаото што се произведува во светот, па очигледно е дека стандардите за чоколадо се повисоки на Стариот континент.


Фото: Pixabay

Мишел додава и дека има разлика во користењето на бутирската киселина, чие количество е повисоко кај некои од најпознатите американски брендови на чоколадо, на пр. „Харшис“. Оваа киселина се додава за да се продолжи рокот на траење на чоколадото, но му дава и необичен вкус што за Европејците не е примамлив.

Автор: Мишел Но
Извор: buzzfeed.com