Научници сакаат да ги осветлат облаците за да ги спречат климатските промени

Научници сакаат да ги осветлат облаците за да ги спречат климатските промени

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Има многу предлози за решавање на проблемот со глобалното затоплување. Научници предлагаат да создадат побели облаци кои ќе ја рефлектираат сончевата светлина и на тој начин ќе ја изладат Земјата.

Проектот се фокусира на теоретски метод познат како морско осветлување на облаците. Зад него стојат истражувачи од Универзитетот во Вашингтон, истражувачкиот центар „Пало Алто“ и националната библиотека во Пацифичкиот северозападен регион во Канада.

Истражувачите ја проценуваат можноста за осветлување на облаците и ефектот на овој метод. Методот предвидува испраќање микроскопски честички од морска вода на небото за да се осветлат ниските облаци со помош на нова технологија за прскање. Секоја фаза ќе биде проверувана од независни власти за да се спречи потенцијално оштетување на атмосферата.

Доколку методот функционира, осветлувањето на облаците би можело доволно да ја излади атмосферата за да се спаси планетата од климатски промени.

Извор: Futurism
Фото: Pixabay