„Бизнисот на задоволството“ оди на Бахамите
Политичкиот трилер на Гоце Цветановски е селектиран во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал на Бахамите.
Во своето 19-годишно постоење, овој фестивал три години беше под покровителство на Шон Конери, а го посетиле многу значајни имиња од филмската индустрија, како Николас Кејџ, Дерил Хана, Лоренс Фишбурн и Џони Деп. Во 2015 и 2018 влезе меѓу 25. „најкул” фестивали на светот според магазинот „Мувимејкер“ (Moviemaker magazine), а слоганот на фестивалот е „Кино во рајот“.
Фестивалот ќе се одржува од 13 до 17 ноември во главниот град на Бахамите - Насау, а „Бизнисот на задоволството“ ќе биде прикажан во програмата Духот на слободата.
Ова е 32. селекција за филмот на Цветановски, кој досега освои 10 меѓународни награди.
Политичкиот трилер од 19 септември ќе почне да се прикажува во киносалите низ Македонија.
Поддржан е од Агенцијата за филм.