Најмалку осум лица загинаа во поплавите во Европа, централноевропските земји се под вода

Најмалку осум лица загинаа во поплавите во Европа, централноевропските земји се под вода

Бројот на загинати во поплавите во Централна Европа се искачи на осум откако илјадници луѓе беа евакуирани од нивните домови во Полска, Чешка, Австрија и Романија.

Циклонот наречен „Борис“ донесе поројни дождови од Австрија до Романија, што доведе до најлошите поплави во последните три децении во тешко погодени подрачја во Чешка и Полска.

Илјадници куќи беа оштетени за време на викендот, однесени се мостови, а најмалку 250 илјади домаќинства, главно во Чешка, останаа без електрична енергија.

Едно лице вчера се удави на југозападот на Полска, пожарникар кој учествуваше во спасувачка акција загина во Австрија, а уште две лица загинаа во Романија, каде што поплавите во саботата зедоа четири животи.

Во продолжение можете да ја видите катастрофалната состојба што ја предизвика циклонот.

Извор: n1info.ba
Насловна фотографија: X