Оглас за пракса во АрцелорМиттал
АрцелорМиттал е водечки светски производител на челик со
претставништва во повеќе од 60 земји. Присутни сме на пазарот во
Македонија од 2004 година и постојано се стремиме да го
поттикнеме развојот и напредокот на младите кадри преку
практикантска програма во различни области.
Во насока на професионално усовршување на младите,
АрцелорМиттал Скопје нуди пракса со полно работно време во:
- Секторот за Човечки ресурси и правни работи
- Одделот за Финансии
Придобивки:
- 3 месечна практикантска работа со ментор
- континуиран процес на учење и развој на вештини
- покриени трошоци за превоз и храна
- професионална работна атмосфера
- стекнување искуство во меѓународна компанија
Сите студенти (апсолвенти, дипломирани и постдипломци) кои
имаат добри компјутерски вештини, се комуникативни, тимски
ориентирани, сакаат предизвици и се насочени кон успех, може да
го испратат своето CV на
HRJobs.Skopje@mittalco.com, со назнака
„Апликација за пракса – Одделот во кој аплицирате“
Краен рок за аплицирање 31 октомври 2018 г.