Колку ќе чини комерцијалниот лет во вселената?

Колку ќе чини комерцијалниот лет во вселената?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Се чини дека комерцијалното патување во вселената секој ден е сè поблиску, а веќе идната година ќе се лансира првото комерцијално туристичко летало „Спејсшипту“ на милијардерот Ричард Бренсон.

Туристичкото суборбитално вселенско патување на „Вирџин галактик“, компанијата на Бренсон, нема да биде евтино. Колку што сега е познато, заинтересираните патници за карта ќе мора да платат 250.000 долари.

И додека некои сметаат дека тоа е оправдана цена, други не се согласуваат со тоа. Тие сметаат дека цената е многу висока, со оглед на тоа што „Спејсшипту“ ќе ги подигне патниците само на 80 километри над површината на Земјата и ќе ги врати назад.

Во јули Бренсон најави дека со пробните летови ќе се почне оваа есен во американската сојузна држава Ново Мексико.

Инаку, „Спејсшипту“, чиј капацитет изнесува 700 патници, достигнува брзина од 2,9 mAh и се движи вертикално и покрај гравитационите сили.