30 години Педагошки факултет во Битола, совети од експерт за сајбер-безбедност, чување на личните податоци во дигиталната ера... Што пишувавме неделава

30 години Педагошки факултет во Битола, совети од експерт за сајбер-безбедност, чување на личните податоци во дигиталната ера... Што пишувавме неделава

Интервју со проф. д-р Данче Сивакова-Нешковски, деканка на Педагошкиот факултет во Битола: „Лидери сме во истражувањата и едукацијата на наставничкиот кадар во државата и пошироко“

Факултетот прослави 30 години постоење и од него се излезени речиси сите воспитувачи во градинките и наставници во одделенска настава во училиштата, кои ја воспитуваат и описменуваат младината во Југозападна Македонија.

Божидар Спировски, експерт за сајбер-безбедност: „Сите измами почнуваат со неочекувана порака, ако се бара од вас итно да направите нешто, најчесто е измама“

Пред точно една година повеќе од 14.000 граѓани од Кавадарци, Велес и Неготино останаа без своите инвестирани пари и добивки откако онлајн пирамидалната шема „Конти“ ја запре исплатата. Граѓаните мислеле дека со уплата на извесна сума пари и со кликање лајкови на филмови или гледање трејлери за филмови ќе заработуваат солидно, а една од целите им беше и регрутирање нови луѓе.

За да ви го објават бројот во онлајн именик, мора да дадете согласност кај оператор: Како да си ги заштитите личните податоци во дигиталната ера

Некогаш беше во хартиена форма и го викавме Именик. Ги содржеше фиксните броеви на семејствата и компаниите низ државата што имаа телефони. Потоа премина во телекомуникациски облик. Вртевме на 188, го нарекувавме Информации и, пак, претежно добивавме фиксни телефони. Денес е Служба за телефонски именици 1188, а информациите се добиваат покрај на телефон и електронски.