Ќерка ми има страшни напади на агресија – вреска ако се оддалечам од неа, а една минута претходно ме бркала... Што да направам?
Имам ќерка која за 2 месеци ќе прави 4 години, девојче кое е разбрано и никогаш не сме имале проблеми со некои големи испади. Но веќе една недела се соочуваме со огромна агресија од страна на детето, испади кои се најчесто неиспровоцирани во моментот кога настануваат (без причина, банална причина, некогаш измислена причина) плачење на моменти до давење, врескање, удирање од земја, клоцање. Бесот е насочен главно кон мене и татко ѝ и тоа се случува дома. Во градинка воспитувачките сугерираат за мал степен на агресија кон другите деца – кога играта не е по нејзино, ги мава децата. Кога ќе се смири, детето си е во ред во остатокот од денот – соработува, послушна е, доколку нешто ѝ се забрани или ѝ се каже дека не може, смирено прифаќа. Од напади на агресија кои траеја и до 2 часа и се случуваа 2-3 пати на ден, сега е подобрено – се случуваат еднаш во денот или на два дена и успеваме да се смириме во 15-30 мин. со зборување со смирен тон, но во тие моменти доколку направам барем еден чекор да се оддалечам, има силна реакција на врeскање да не заминувам од неа, а една минута пред тоа ме бркала. Што да направам?
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк