Кога грижата станува традиција: петта акција на КБ Прво пензиско друштво АД Скопје со кампањата „Замени и засади“
КБ Прво пензиско друштво АД Скопје по петти пат ја реализира својата екоакција во рамките на кампањата „Замени и засади“, која се одржа на 12 декември 2025 година во идиличниот амбиент на планинскиот центар „Гризли“, масив Јасен – Козјак.
Настанот претставува значаен чекор во континуираните заложби на Друштвото да создава позитивно, мерливо влијание врз животната средина преку одржливи и општествено одговорни иницијативи.
Целта на кампањата е да се поттикне членството во задолжителниот и доброволниот фонд на КБ Прво да го замени зелениот плик за пензиска заштеда со извештај по електронска пошта, за што во негово име Друштвото ќе засади по едно дрво.
Во текот на акцијата, тимот на КБ Прво засади нова шумска површина – простор кој од овој момент ќе биде препознатлив по таблата со официјалното име на Друштвото, означувајќи го како „Шумата на КБ Прво“.
Во акцијата, како наши деловни соработници свој придонес дадоа и вработените на Комерцијална банка АД Скопје, Шпаркасе банка АД Скопје и ТТК Банка АД Скопје.
Овој симболичен и траен белег ја претставува долгогодишната определба на Друштвото да придонесува за зачувување на природата.
Акцијата ја потенцира важноста на тимската одговорност, солидарноста и колективниот ангажман во креирање подобра иднина. Секој член на тимот даде личен и значаен придонес, со што уште еднаш се нагласи вредноста на заедничкото делување и корпоративната култура која стои зад мисијата на „Замени и засади“.
КБ Прво продолжува да ја јакне својата улога како лидер во ESG иницијативите во пензискиот сектор, вложувајќи во активности што создаваат долгорочни придобивки и одразуваат вистинска грижа за заедницата и природата.
Со оваа акција, Друштвото уште еднаш ја потврди својата посветеност кон општествено одговорно работење и создавање трајни вредности за сегашните и идните генерации.
Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk тел. 02/ 32 24 229
(Комерцијална објава)