Обожавателите на „Сам дома“ забележале 3 големи грешки во култниот филм

Обожавателите на „Сам дома“ забележале 3 големи грешки во култниот филм

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Празниците се ближат, а тоа значи дека треба да се почне со гледање на божиќните филмски класици за да се разбуди празничниот дух.

Секако, постојат многу филмови на тема Нова година и Божиќ, без разлика дали станува збор за „Гринч“, „Божиќна песна на мапетите“ или инсистирањето дека „Умри машки“ е всушност божиќен филм.

Но, еден цврст елемент на празничната сезона е „Сам дома“, култната приказна каде што Кевин Мекалистер (Меколи Калкин) смислува серија ужасни стапици и направи за мачење за да ги користи против двајцата несреќни криминалци што ја избрале најлошата можна куќа да ја ограбат.

Шармот, хуморот и срцето на филмот го направија и комерцијален успех и божиќен класик, и предизвикаа цела франшиза од продолженија. Но, иако останува популарен, тиктокерот потшишан под името „@1minutecritic“, забележал некои технички грешки во филмот.

Па, кои се овие грешки што предизвикале толку силна реакција?

Првата доаѓа од релативно необичен момент во филмот, каде што едно дете го вознемирува возачот на комбе. Додека возачот на комбето вели „леле дете, не знам, тргни се по патот“, крупниот план на детето покажува дека детето ја мрдало устата изговарајќи ја истата репликата на актерот додека тој ја кажувал.

Во друга сцена, нашиот херој Кевин се подготвува да се вози со санка по скалите. На снимката која ги покажува скалите надолу се гледа дека скалите не се совпаѓаат со влезната врата од куќата. Сепак, Кевин успева да излезе од вратата - и не само тоа, додека „лета“, на санката се гледаат тркала.

Уште една грешка - во една сцена Кевин носи темни панталони, но кога се враќа во куќата, тие се менуваат во сини фармерки. Потоа, само неколку моменти откако пристигнува дома и подготвува стапица, панталоните повторно се менуваат.

@1minutecritic Did you notice these movie mistakes in HOME ALONE? Are there any that I missed? #HomeAlone #moviemistakes #moviegoofs #christmasmovies ♬ original sound - One Minute Critic (Kristian)
Сепак, тиктокерот одвоил еден момент да повтори дека сè уште го сака филмот и покрај грешките.

Извор: unilad.com

Фото: YouTube screenshot