Transcom Македонија на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“: приказни што ги поврзуваат студентите со нивната прва работа

Transcom Македонија на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“: приказни што ги поврзуваат студентите со нивната прва работа

Овој месец тимот на Transcom Македонија гостуваше на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, каде што одржавме средба на тема: „Од студентска работа до кариера во БПО индустријата“.

Целта беше едноставна: да им покажеме на студентите дека првите професионални чекори можат да ги направат уште за време на студиите - и дека токму БПО индустријата може да биде одлична почетна точка кон стабилна и долгорочна кариера.



Нашите колешки Магдалена Пешовска, Соња Стојковиќ и Кристина Трајковска, кои и самите некогаш седеле во истите клупи, споделија како изгледал нивниот пат: првите интервјуа, првата студентска работа, првите задачи и одговорности… и како преку многу учење и поддршка израснале во професионалци какви што се денес.
Нивните приказни најдобро покажуваат дека кариерата не започнува „дента кога ќе дипломираш“, туку со мали чекори, често многу порано.

Зошто студентите се важни за БПО индустријата?

БПО индустријата е една од најбрзорастечките во регионот. Постојано има потреба од луѓе кои брзо учат, јасно комуницираат и лесно се приспособуваат - и токму студентите одлично се вклопуваат тука, носејќи свежина, одлични јазични вештини и силна желба за напредок.
Во Transcom ја негуваме вредноста „Ние сме доживотни ученици“ и веруваме дека учењето не завршува со дипломирањето, туку продолжува секој ден, преку работа, со поддршка од искусни ментори, следење обуки и тренинзи и прифаќање нови предизвици.
Нашата порака до студентите беше кристално јасна:
Не чекајте го крајот на студиите за да почнете да ја градите вашата кариера.

Што им приближивме на студентите?

● Што е БПО и како може да изгледа нивната прва работа во оваа индустрија;
● Кои вештини можат да ги развијат уште од првиот работен ден;
● Кои кариерни можности можат да ги имаат: од студент до тим-лидер, тренер и многу повеќе;
● Кои јазични и комуникациски компетенции се најбарани на пазарот;
● Кои можности ги нуди Transcom: од работа со меѓународни клиенти до напредување на глобално ниво;



Соработката на компаниите со академската заедница треба да биде должност, а не чиста формалност

За нас како компанија ваквите средби не се само обични презентации, туку се инвестиција во идните професионалци и во зајакнување на локалниот пазар на труд. Колку повеќе ги поддржуваме младите, толку заедницата во која работиме станува постабилна и поквалитетна.

Изразуваме голема благодарност до Центарот за кариера и поддршка на алумни при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје за поканата и одличното дружење. Со нетрпение очекуваме идни соработки од ваков тип и нови генерации на студенти кои сакаат да учат, да растат и да откријат што сè може да понуди БПО индустријата.

Во меѓувреме, сите тие што се подготвени да ја претворат љубопитноста во искуство ги покануваме да аплицираат преку нашата отворена апликација на следниов линк: https://apply.careers.transcom.com/su/64e19c842b1a7b78

(Комерцијална објава)