Оглас за вработување во ЦМХ Солушнс (Контакт центар агенти - италијански јазик)

Оглас за вработување во ЦМХ Солушнс (Контакт центар агенти - италијански јазик)

 

ЗА ПОЗНАВАЧИ НА ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК - Отворено работно место за познавачи на ИТАЛИЈАНСКИОТ јазик

 

ЦМХ Солушнс ДООЕЛ Скопје (CMX Solutions), дел од германска компанија во доменот на давање кориснички услуги, за своите операции во Скопје објавува отворени работни позиции:

 

Контакт центар агенти со одлично познавање на италијанскиот јазик

 

Одлична можност за сите студенти кои одлично го владеат италијанскиот јазик да го надоградат во постојана интеракција на италијанскиот јазик и истовремено да заработат додека се сеуште на студии.

 

Опис на задачите:

 

• Одговарање на дојдовни повици од корисници и обезбедување на потребни информации, поддршка и помош во решавање на барањата на корисниците;
• Ефикасно прибирање на кориснички информации, задоволување на потребите на корисниците и едуцирање на корисниците;
• Обезбедување квалитетна услуга и поддршка во различни области кои вклучуваат информации за сметки, правење нарачки, решавање на системски проблеми и слично.

 

Потребни квалификации:

 

• Одлично познавање на италијанскиот јазик (минимум Ц1 ниво)
• Одлично познавање на англискиот јазик ќе се смета за предност
• Посветеност во обезбедувањето високо корисничко задоволство
• Способност да комуницира јасно и професионално
• Претходно искуство не е потребно

 

Нудиме:

 

• Одлични работни услови
• Редовно вработување со можност за цело и пола работно време
• Платена обука

 

Испратете ја вашата кратка биографија (CV) на англиски/италијански најдоцна до 26.01.2017 на е-маил: vacancies@cmx-solutions.com