Рабиндранат Тагоре: „Погрешно го читаме светот и велиме дека нѐ залажува.“

Рабиндранат Тагоре: „Погрешно го читаме светот и велиме дека нѐ залажува.“

Подготвил: Б.Б.


Рабиндранат Тагоре

Љубовта е еден од најзастапените и најуниверзалните мотиви во сите уметнички облици. Поезијата на Рабиндранат Тагоре, индиски книжевник, филозоф и драматург, е сплетена од стихови кои го докажуваат тоа.

Творечкиот опус на овој книжевник го чинат 1000 поеми, 2000 песни, осум романи, 24 драми и голем број есеи. Тој е и добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1913 година, за збирката песни „Гитанџали“.

Еве што кажал за човекот и за љубовта овој плоден автор:


„Длабочината на пријателството не зависи од должината на познанството.“

„Не постои таква поезија којашто може да се вивне до висините до кои допира љубовта.“

„Пејачот сам не ја прави песната, мора да има некој што ќе го чуе.“

„Она што ни е потребно за да бидеме слободни е љубовта; таа има сила со радост да го носи бремето на светот.“

„Верата е птица која чувствува светлина в зори и подалеку од мракот.“

„Големите срца љубат, малите бараат да бидат љубени.“

„Не се молиме за да бидеме заштитени од опасноста, туку за да не се плашиме кога ќе се соочиме со неа.“

„Само тоа што го правиме од љубов го правиме слободно, независно колку страдање ни предизвикало.“

„Многу е едноставно да се биде среќен, но многу е тешко да се биде едноставен.“

„Не ги ограничувајте вашите деца на вашето учење, бидејќи тие се родени во некое друго време.“

„Во љубовта исчезнуваат сите животни спротивности.“

„Секое дете доаѓа со порака дека Бог сè уште не се обесхрабрил од човекот.“

„Најубаво е некој да го имаме целосно; ако тоа е невозможно, тогаш најдобро е целосно да го изгубиме.“

„Погрешно го читаме светот и велиме дека нè залажува.“

„Заради одвеаната љубов животот е побогат.“

„Музиката ја исполнува бесконечноста меѓу две души.“

„Копнеам да седам немо покрај тебе, но срцето би ми скокнало во устата. Затоа брборам нејасно и си го затрупувам своето срце со зборови.“

„Човекот е груб, но човекот е дете.“

„До вистината можеме да стигнеме само ако ни е дадена слобода да грешиме.“