Под огромната пукнатина на Антарктикот се крие нешто многу полошо

Под огромната пукнатина на Антарктикот се крие нешто многу полошо

Подготвил: Тамара Гроздановски

Научниците откриле зошто џиновската пукнатина на Антарктикот се шири со толкава брзина, и соопштија дека проблемот е многу поголем отколку што се мислело.

дупка
Фото: Youtube/Screenshot

До 2014 година, пукнатината на гребенот „Larsen C“ воопшто не се ширела. Меѓутоа излегло дека таа сечела посебен вид мраз, распореден во појаси наречени „зона на шефови“. Тие се состојат од мешавина на морска вода и мраз на антички глечери, а научниците откриле дека пукнатините се шират значително побавно кога поминуваат низ ваков вид на ледена структура.

На тој начин овие зони ги штитат ледените плочи од распаѓање и со самото тоа го спречуваат растот на глобалното ниво на морето.

Тие штителе и една од најголемите плочи на Антарктикот,, се` до 2014 година кога пукнатината започнала да се пробива низ една од зоните. За само неколку месеци, пукнатината станала двојно подолга и уште расте.

Но, постојат уште неколку пукнатини кои би можеле да доведат до дополнително слабеење на плочите, а тоа не се знае кога би можело да се случи. Прашање е кога и тие би се нашле во океанот и би довеле до дополнителен раст на глобалното ниво на морето.