Лондон ја добива првата најбрза урбанистичка жичарница

Лондон ја добива првата најбрза урбанистичка жичарница

Подготвил: Тамара Гроздановски

За сите зависници од адреналин, ова се одлични новости - Ова лето, Лондон ќе ја претстави најновата „зиплајн“ која ќе се протега директно низ центарот на Лондон.

zip

Ако мислите дека метрото изгледа страшно во сообраќаен метеж, тогаш замислете како ќе се чувствувате кога ветрот дува низ вашата коса, додека се спуштате со „Zip World London“ кој е долг 225 метри.

Секој може да резервира бители за она што се нарекува најголемата и најбрзата зиплајн. Откако ќе скокнете од кула висока 35 метри во Архиепископскиот парк, ќе достигнете брзина од 80 километри на час.

Сите оние кои ќе се одлучат за оваа возбуда, ќе имаат поглед од птичја перспектива на Лондонското око, Домот на парламентот, Биг Бен и Шард.

„Огромните зиплајнови го нудат најдобриот поглед во светот - се чинеше како очигледна идеја“, вели Бери Шаверин, основач на „Zip World London“.

zzip

„А Архиепископскиот парк е една од најдобро чуваните тајни на Лондон - затоа сакавме да го добие вниманието кое го заслужува“, додава Бери.

Зиплајн авантурата ќе започне на 6 јули, а билетите ќе чинат 22.50 фунти.

Во декември 2016 година, беше инсталиран зиплајн преку реката Темза од лондонската пожарна бригада. Проектот успеа да собере повеќе од 1 милион фунти кои беа наменети за лондонската детска болница.