Практикантска работа во АрцелорМиттал

Практикантска работа во АрцелорМиттал




Сакате да се стекнете со работно искуство?
Аплицирајте за пракса во водечка и светка компанија за производство на челик!


АрцелорМиттал е светска водечка компанија за производство на челик, со претставништва во над 60 земји. Присутни сме на пазарот во Македонија од 2004 година и постојано се стремиме да го поттикнеме развојот и напредокот на младите кадри преку практикантска програма во различни области.


За кого е наменета праксата?
Сите заинтересирани студенти кои сакаат да се надградуваат, имаат одлично познавање на англиски јазик и компјутерски вештини, познавање на Excel, се комуникативни, тимски ориентирани, сакаат предизвици и се насочени кон успех.

Отворени практикантски места: Оддел Човечки ресурси и правни работи


Опис на задачи
Водење на дата база на податоци, електронско архивирање на документи (договори за работа, изјави, уверенија), организација на обуки и настани, ажурирање на досиеја на вработени, превод на документи

Што ќе добијам?

• 3 месечна практикантска работа со ментор
• континуиран процес на учење и развој на практични вештини
• покриени трошоци за превоз и храна
• професионална работна атмосфера

Како да аплицирам?
Испратете го своето CV на HRIntern.Skopje@arcelormittal.com, со назнака „Апликација за пракса – човечки ресурси“, најдоцна до 10 септември 2017.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.