Практикантска работа во АрцелорМиттал

Практикантска работа во АрцелорМиттал



Практикантска работа во АрцелорМиттал

Сакате да се стекнете со работно искуство? Аплицирајте за пракса во водечка и светска компанија за производство на челик!

АрцелорМиттал е светска водечка компанија за производство на челик, со претставништва во над 60 земји. Присутни сме на пазарот во Македонија од 2004 година и постојано се стремиме да го поттикнеме развојот и напредокот на младите кадри преку практикантска програма во различни области.

За кого е наменета праксата?

Сите заинтересирани студенти кои сакаат да се надградуваат, имаат одлично познавање на англиски јазик и компјутерски вештини, познавање на Excel, се комуникативни, тимски ориентирани, сакаат предизвици и се насочени кон успех.

Отворени практикантски места:
- Оддел: Набавки (Машински и Економски факултет)
o Праќање на барања
o Проследување на нарачки

- Оддел: IT (ФЕИТ)
o Инсталира, конфигурира и решава проблеми со сите нови и заменски хардверски компјутери / сервери
o Управување со корисничка сметка во Active Directory
o Управување со централизирано антивирусно решение
o Решавање на проблеми на Windows Desktop и Microsoft Office апликации

Што ќе добијам?
• 3 месечна практикантска работа со ментор
• континуиран процес на учење и развој на практични вештини
• покриени трошоци за превоз и храна
• професионална работна атмосфера

Како да аплицирам?
Испратете го своето CV на HRIntern.Skopje@arcelormittal.com, со назнака „Апликација за пракса – [оддел]“, најдоцна до 12 септември 2017. Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.