Град на духови: Ретка воздушна снимка од Северна Кореја

Град на духови: Ретка воздушна снимка од Северна Кореја

Подготвил: Б.Б.


Воздушна снимка на Пјонгјанг
(Фото: Youtube screenshot)


Додека расте глобалната политичка криза и новинарите целото внимание го насочуваат кон вестите во врска со тестирањето на военото оружје на Северна Кореја, многумина се интересираат за други аспекти од оваа земја, кои и натаму се кријат под превезот на мистеријата.

Компанијата „Арам Пан“ од Сингапур добила дозвола од севернокорејските власти од воздух да го сними главниот град на оваа држава, Пјонгјанг.

Резултатот е оваа интересна снимка, на која може да се видат живописни згради.

„Сепак, она што е многу чудно е што на улиците нема луѓе, ни автомобили. За град од 2,6 милиона жители, Пјонгјанг е прилично пуст“, рекол претставник на компанијата.

Снимката е дел од проектот „DPRK360“, чија цел е светско претставување на Северна Кореја преку различен визуелен материјал.