Можност за пракса - Човечки Ресурси и Регрутација

Можност за пракса - Човечки Ресурси и Регрутација



Друштво за информатички технологии Axeltra нуди можност за full-time платена практикантска програма наменета за сите студенти кои се интересираат во областа на менаџмент на човечки ресурси!

Ако си студент или дипломиран на некоја од општествените или техничките науки и пројавуваш интерес во областа на човечки ресурси и регрутација на кадри, имаш добри комуникативни и организациски способности, основно познавање на MS Office алатки и си во потрага по нови предизвици, испрати ја твојата апликација (CV) на jobs@axeltra.com со назнака HR Recruiter Intern, најдоцна до 30. Септември 2017

Тримесечната програма на практикантите ќе им овозможи надоградување на искуството во областа на човечки ресурси во ИТ секторот, вклучување на практикантите во активни проекти во процес на регрутација на кадри, организација и менаџирање со податоци.