И со зголемувањето, платите во градинките остануваат потпросечни

И со зголемувањето, платите во градинките остануваат потпросечни

Подготвил: Весна Ивановска-Илиевска

И со зголемувањето на платите од 2 отсто за воспитувачките и негувателките во јавните детски градинки во Македонија, тие ќе останат далеку под просечната плата која во јуни изнесувала 22.808 денари. Со покачувањата кои се сметаат од овој месец, за 360 денари за се зголемуваат платите на воспитувачките, односно за 320 денари за негувателките.

деца во градинка

Владата вчера одлучи нивните плати да бидат зголемени за 2 отсто, а одлуката е донесена по предлог на Министерството за труд и социјална политика, да се зголемат коефициентите на сложеност на работите во јавните установи за деца. Парите се обезбедени од буџетот за 2017 година.
Со тоа воспитувачките наместо досегашната плата од 18.000 денари, ќе земаат 18.360 денари, а платата на негувателките од 16.000 денари ќе се зголеми на 16.320 денари. На годишно ниво, првите ќе земаат 4.320 денари повеќе, а вторите – 3.840 денари повеќе.

Според Државниот завод за статистика, просечната месечна нето-плата по вработен годинава во јуни изнесувала 22.808 денари.