Македонска премиера на „Кога денот немаше име“ на Теона Стругар Митевска на „Браќа Манаки“

Македонска премиера на „Кога денот немаше име“ на Теона Стругар Митевска на „Браќа Манаки“

Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска / srebra.gjorgjijevska@fakulteti.mk

Филмот „Кога денот немаше име“ во режија на Теона Митевска ќе ја доживее македонската премиера вечерва во 19.30 часот во Центарот за култура во Битола. Филмот е дел од главната програма на фестивалот „Браќа Манаки“.



Својата светска премиера филмот во продукција на Лабина Митевска ја имаше на Берлинскиот филмски фестивал, во програмата „Панорама специјал“.

Кинематограферка на овој филм е познатата Ањес Годар, која доби специјално признание на „Браќа Манаки“ за придонес во светскиот филм, пред неколк години. Сценариото на филмот „Кога денот немаше име“ е на Елма Татарагиќ и Стругар-Митевска.

Улогите ги толкуваат Леон Ристов, Ханис Багашов, Стефан Китановиќ, Игорчо Постолов, Драган Мишевски, Иван Вртев Шоптрајанов, Ратка Радмановиќ, Николина Кујача, Ана Костовска и Лабина Митевска, Петрунија Киселички и Инес Ходич.

Филмот „Кога денот немаше име“ е македонски мнозински проект, кој е реализиран во продукција на „Сестри и брат Митевски“, со копродуцентите „Вертиго“ од Словенија и „Ентре Шиен е Луп“ од Белгија. Агенцијата за филм на Македонија го поддржа со 30.000.000 денари, а е финансаиран и од „Еуримаж“.

Филмот „Кога денот немаше име“ ја раскажува приказната за шест тинејџери. Во дисфункционални односи со своите родители, во семејства нарушени од транзициските маки, тие се генерација која расте растргната од социјална несигурност и сомнителни вредности.