Ослободете се од секој проблем во животот со помош на методата на Ајнштајн

Ослободете се од секој проблем во животот со помош на методата на Ајнштајн

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

ajnstajn

„Ако би имал еден час да го решам проблемот, би поминал 55 минути размислувајќи за проблемот и 5 минути размислувајќи за решението“, Алберт Ајнштајн

Животот на секој возрасен човек е исполнет со препреки кои би требало да служат за зајакнување на неговата волја, одлучноста и аналитичкото размислување.

Секоја неволја го учи човек на нешто. Затоа, пред да почнеме да го решаваме проблемот, треба да се вратиме чекор назад и да ја погледнеме пошироката слика.

Разбирањето на тешкотиите и предизвиците е клучно решение. На крајот на краиштата, вакво било мотото и на Ајнштајн, а ова се уште некои совети кога сакате да пронајдете излез од проблематична ситуација.

Редефинирајте го проблемот


Кога врвниот менаџер на „Тојота“ барал од неговите вработени да најдат начини за зголемување на продуктивноста на работа, добил само тишина. Затоа тој ја променил дефиницијата на задачата, а таа звучела вака: „Најдете начин вашиот начин да биде помалку напорен“. Следувале доста интересни предлози. Ова докажува дека изборот на вистински зборови секогаш игра важна улога во решавањето на проблемите.

Кога сте соочени со тешка задача, бидете сигурни дека добро сте ја формулирале.

Погледнете го проблемот од птичја перспектива

Секоја тешкотија претставува мал дел од нешто поголемо. Како што можеме да пристапиме до проблемот од различни страни, така можеме и да го делиме по „тежина“. Ако чувствувате дека се давите во детали, дека го губите видикот на главниот проблем, обидете се да ја заземете најдобрата положба од каде што најдобро можете да ја видите задачата.

Размислете на начините на кои ситуацијата би можела да се развива


Пред да започнете со решавање на проблемите, уверете се дека сте размислиле за сите можности - на кои начини би можела ситуацијата да се развие. Обидете се да предвидите различни резултати од вашите акции, што понатаму би создале одлични шанси за пронаоѓање нови и сеопфатни решенија.

Користете максимално ефективен јазик

- Создајте позитивна мотивација

Афирмативните реченици имаат голема мотивациска моќ и помагаат во визуализацијата на пронаоѓањето на решението. Постојат вистински разлики кога некој ќе каже „Ќе престанам да пушам“ и „Ќе си го продолжам животот“.

- Формулирајте го проблемот како прашање


Човечкиот мозок е склон кон загатки. Кога ќе се соочи со интересни прашања, нашиот мозок е во постојана потрага на одговорот дури и кога не сме свесни за тоа.

- Нека проблемот изгледа фасцинантно

Обидете се да се расположите кога го формулирате проблемот. Уверете се дека задачата звучи примамливо. Тоа може да се види и во разликата помеѓу речениците „Ќе направам мој блог“ и „Ќе ги инспирирам читателите да живеат среќен живот“.