„Александар Велики“ објавува оглас за вработување

„Александар Велики“ објавува оглас за вработување

ТАВ Аеродроми е еден од водечките аеродромски оператори во светот во чија мрежа се аеродромите „Ататурк“ во Истанбул, „Есенбога“ во Анкара, „Аднан Мендерес“ во Измир, „Милас-Бодрум“ и „Газипаша“ во Анталија, сите во Турција. Потоа, аеродромите Тбилиси и Батуми во Грузија, Монастир и Енфида-Хамамет во Тунис, Скопје и Охрид во Македонија, Медина во Саудиска Арабија, како и Загреб, во Хрватска, сите се оперирани од „ТАВ Aеродроми“. Холдингот, исто така, обезбедува услуги преку своите филијали и во други области на аеродромските операции, што вклучува Бесцарински продавници, Храна и пијалоци, Прифат и отпрема на воздухоплови и патници, ИТ, Обезбедување и други Оперативни услуги. Вклучувајќи ги и своите филијали, „ТАВ аеродроми“ во 2016 година обезбеди услуги за 808.000 летови и повеќе од 104 милиони патници. 

ТАВ Македонија, Аеродромот ‘Александар Велики’ – Скопје како дел од ТАВ Аеродроми во моментов е во потрага по нов вработен за позицијата: 
ПРАВЕН СОВЕТНИК 

ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ
Давање стручно мислење и правни совети
Подготовка на договори и ревизија на договори
Подготовка на индивидуални и општи регулативи во компанијата
Постојано следење на актуелните позитивни законски прописи
Усогласување на компаниските правни акти со позитивните законски прописи
Правна коресподенција со други правни институции и компании
Припрема на процедури за регистрација на одредени оддели на компанијата
Припрема на процедури за добивање на лиценци – дозволи за изведување на одредени активности, од страна на надлежни државни институции
Изведување на други задачи и обврски на незиниот/ неговиот претпоставен

ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ И ИСКУСТВО
Универзитетска диплома од правниот факултет
Положен правосуден испит
Најмалку 5 години работно искуство во областа
Одлично владеење на Англиски и Македонски јазик, говорење и пишување
Најмалку 4 години корпоративно, правно искуство во професионална средина или во правна консалтинг фирма
Искуство во областа на облигационото право, работното законодавство, законите за странци, финансиски закони и слично
Одлични компјутерски вештини (Microsoft Office – Excel, Word, Power Point, Outlook)

ВЕШТИНИ
Комуникациски способности
Социјални способности
Тимска работа
Организациски способности

Нудиме динамична и стимулативна средина, како и професионален предизвик.

Сите заинтересирани кандидати можат да го испратат своето CV на маил адреса: jobs3@tav.aero, со назнака “Правен советник“. Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.