Совети од големите умови како да учите побрзо

Совети од големите умови како да учите побрзо

Подготвил: Маја Пероска

Два лауреати на Нобелова награда и моќен претприемач, имаат свои трикови со кои учат брзо. Веб страницата „Inc.com“ пишува за нив, за тоа како секој може да ги примени овие методи за да си го олесни животот:


1. Алберт Ајнштајн – „Уживајте“

Ајнштајн успеал да внесе револуција во начинот на кој гледаме на светот, а тоа го постигнал така што не престанал да ужива во војата работа. Според него големите умствени напори и забавата одат заедно, па така колку повеќе уживате, толку повеќе и учите. На својот син во 1915 година му напишал совет:

„Многу ми е драго што најде уживање во свирењето пијано. Свири го она што те прави среќен, дури и ако учителот не се согласува со тоа. Тоа е начинот на кој учиш најмногу, кога работиш нешто со големо задоволство, што не гледаш дека времето лета“.

2. Ричард Фајнман – „Објаснете на дете“

Легендарниот физичар кој доби награда за работа на поле кое е едно од најтешките за разбирање – квантната електродинамика, исто така имал совет за брзо учење. Сметал дека материјалот треба да се поедностави колку што е можно повеќе. Толку за да можете да му објасните на дете од  години.

„Кога ќе ја напишете идејата од почеток до крај на едноставен јазик со помош на секојдневни зборови, така што и дете ќе ја разбере, тогаш вие се поттикнувате себеси да го разберете концептот на едно повисоко ниво. Ако имате некаде проблем, тогаш ви е јасно и дека имате пропусти. Тензијата е добра, дава можност за учење“.

3. Елон Маск – „Мислете за знаењето како за дрво“

Маск е сестран човек кој ги поврзува знаењата градејќи иднина која ќе влијае на животите околу нас. Кога некој го запрашал како успева да научи толку многу од различни сфери, тој истакнал дека поголемиот дел од луѓето можат да научат повеќе отколку што мислат дека можат, па го напишал следново:

„Важно е да се согледа знаењето како некој вид на семантичко дрво – погрижете се да ги разберете основните принципи според кои нешто се случува, на пример, мора да знаете за дрвото и гранките, пред да почнете да ги собирате листовите, односно да навлегувате во деталите“.