Заврши „Ноември – месец на науката“ – ова се наградените средношколци

Заврши „Ноември – месец на науката“ – ова се наградените средношколци

Подготвил: В.И.И.



„Им благодариме на сите учесници кои го посетија Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет и учествуваа во манифестацијата „Ноември - месец на науката 2017! Честитки до најуспешните ученици и ментори кои беа наградени. Се гледаме на следните натпревари и следната година со нови демонстрации“. Со овие зборови членовите на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија им се заблагодарија на сите средношколци кои викендов учествуваа на научната манифестација која втора година се организира во Македонија.

Институт за хемија

Во манифестацијата беа вклучени ученици од прво одделение до четврта година. „Номври – месец на науката“ е настан со научно-популарни предавања на интересни теми од природни науки и математика, учениците учествуваа во демонстрации, работилници од природни науки и математика, како и презентации од наставници чија цел е меѓусебна размена на искуства и идеи за успешна реализација на наставата. Координатор на манифестацијата годинава беше Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, а вклучени беа повеќе здруженија.

Ова се наградените ученици од последниот викенд - трета и четврта година.

Хемија



Прва награда:
Марта Митева и Анастасија Пенева од Струмица, Кристијан Трајковски од Куманово, Матеј Трајчески од Скопје.
Втора награда: Клементина Бусева, Тијана Стојкова, Марија Трајчовска, Стефанија Манасова, Стефан Шунтов и Мартин Мастев од Струмица.
Трета награда: Ана Филипче и Филип Николовски од Охрид, Руфија Идризовска од Гостивар, Леона Лазаревска од Куманово, Матеј Милевски од Пробиштип, Теодора Шаламанова и Алма Усеин од Струмица, Никола Келешов од Куманово и Жанет Николовска и Марија Николовска од Прилеп.


Биологија
Прва награда:
Јани Георгиев и Стефани Поповска од Струмица.
Втора награда: Катерина Тасева и Аница Дедејска од Струмица, Бобан Тасевски од Куманово, Петар Спасовиќ од Скопје.
Трета награда: Милка Мукаетова од Скопје, Марина Радеска и Симона Јовеска од Прилеп, Афродита Делева и Ѓургица Ѓузелова од Струмица.



Физика
Прва награда:
Емилија Наумоска и Викторија Алексовска од Охрид.
Втора награда: Кристина Митреска од Гевгелија, Михаела Грозданова од Охрид, Артиот Џабири од Гостивар.
Трета награда: Трајче Бојаџиев и Јован Петрески од Скопје, Пане Панов од Неготино.

Географија



Прва награда:
Ана Димоска и Христијан Стомнароски од Прилеп, Теодора Домазетовиќ од Куманово.

Ова се наградените ученици од последниот викенд – прва и втора година.

Хемија
Прва награда:
Дана Доневска од Скопје, Рената Попова и Софија Секуловска од Кавадарци.
Втора награда: Бисера Галеска и Сања Атанасоска од Прилеп, Бојана Витанова и Слободанка Димитрова од Струмица, Сандра Милошева и Михаела Димитровска од Делчево.
Трета награда: Теодора Смилјевска, Деа Рајхл, Наталија Сали, Амдија Асан од Скопје, Леонарда Кајаџаноска и Вероника Кукеска од Прилеп, Викторија Јовева и Михаил Трајков од Велес.

Физика:
Прва награда:
Александар Гигов од Скопје.
Втора награда: Владимир Китановски, Петар Маневски, Марија Симоновска од Скопје.
Трета награда: Елена Рибарска од Штип, Давид Јованов од Гевгелија и Марко Дураков од Скопје.

Биологија



Прва награда:
Слободан Јовановиќ од Кавадарци.
Втора награда: Ангела Иванова и Викторија Тумбова од Велес, Ана Пачемска од Берово.
Трета награда: Верче Андонова, Сара Спасова, Евгенија Јашкова, Кристина Крстева од Радовиш.

Математика:
Прва награда:
Верица Спасковска од Струмица, Ќендреса Селими и Мартина Танева од Скопје.
Втора награда: Милан Тодоровиќ од Куманово и Мартин Поповски од Скопје.
Трета награда: Ангела Бушеска од Струга и Даниел Јовановски и Филип Костадиноски од Боговиње.