Овие цитати го зајакнуваат карактерот на децата: читајте ги заедно!

Овие цитати го зајакнуваат карактерот на децата: читајте ги заедно!

Подготвил: Б.Б.

Лектор: Ивана Кузманоска


Дете позира
(Фото: Pinterest)


Една стара индијанска изрека вели: „Однесувајте се добро кон Земјата, не сте ја наследиле од вашите родители, туку сте ја позајмиле од вашите деца“. Всушност, ние сè позајмуваме од идните генерации. Иднината на општеството зависи од мудроста што денес ќе им ја пренесеме на нашите деца.

Следните цитати можат да бидат вистински ресурс за секој родител или наставник. Тие можат да се читаат и дебатираат со цел да се поттикнат децата да ги усвојат како свој начин на однесување.

1. Не е важно како изгледам, туку како се однесувам.

2. Кон другите се однесувам онака како што сакам другите да се однесуваат кон мене.

3. Јас сум добра играч, ги следам правилата и играм фер.

4. Не озборувам и кога немам што да кажам, не велам ништо.

5. Во ред е да се насмееш на смешни работи, но не смееш да им се потсмеваш на другите.

6. Кога сум тажен, се чувствувам подобро кога мислам на убавите работи во мојот живот.

7. Морам да сум љубезен за да имам пријатели.

8. Верувам дека сум некој што може да направи важни работи.

9. Она што го велам и начинот на кој го кажувам тоа зборуваат каков сум јас.

10. Ги почитувам моето семејство, моите наставници и училиштето.

11. Кон сите се однесувам со почит.

12. Кога слушам, им покажувам на другите дека се грижам за нив.

13. Кога доброволно им помагам на другите, покажувам дека сум добар човек.

14. Мислам со своја глава и носам одлуки што се добри за мене.

15. Секој ден нуди нов почеток и можност да го дадам најдоброто од себе.

16. Се обидувам да сфатам што чувствуваат моите пријатели.

17. Секој прави грешки, па наместо да се лутам на себеси, следниот пат ќе се обидам да биде подобро.

18. Не се откажувам; ќе се обидувам сè додека не ја завршам работата.

19. Споделувањето со другите прави и јас и другите да се чувствуваме добро.

20. Ги решавам своите проблеми без да се повредам себеси или другите.

21. Пристоен сум кога чекам во ред и велам „благодарам“ и „молам“.

22. Кога ќе им се насмевнам на луѓето, обично ми возвраќаат со насмевка.

23. Ги бодрам своите пријатели да дадат сè од себе.

24. Моите вредности ме водат да го направам тоа што е правилно.

25. Јас сум искрен; не мамам и не крадам.

26. Кога сум налутен, имам самоконтрола и не ги повредувам другите.

27. Креативен сум кога танцувам, цртам, сликам, кога пишувам песна или приказна.

28. Велам „не“ за работи што можат лошо да влијаат врз моето тело (алкохол, дрога, цигари...)

29. Кога го правам она што сум рекол дека ќе го направам, имам одговорност.

30. Благодарен сум за она што го имам и го споделувам со другите.

31. Се обидувам да научам по нешто ново секој ден.

32. Кога работите не одат онака како што сакам, застанувам да размислам што да направам за да ги подобрам.

33. Не ги исмејувам другите деца затоа што не знам каков е нивниот живот.

34. Се чувствувам успешно кога се трудам.

35. Секој понекогаш се чувствува добро, а понекогаш лошо.

36. Водам грижа за себе така што се хранам здраво, вежбам и доволно се одмарам.

37. Точен сум, доаѓам навреме и не дозволувам другите да ме чекаат.

38. Кога соработувам со други, постигнувам подобри резултати.

39. Сакам да запознавам деца што се различни од мене.

40. Секогаш ја кажувам вистината, затоа пријателите ми веруваат.

41. Го барам доброто во другите и им кажувам што ми се допаѓа кај нив.

42. Го купувам само она што ми треба, ги штедам своите пари.

43. Кога паметно ќе го распоредам времето, имам време за сè.

44. Мислам пред да направам нешто; моето однесување влијае врз односот на другите кон мене.

45. Имам храброст да застанам зад децата што другите ги задеваат.

46. Пред да направам нешто, се прашувам: „Дали тоа е сигурно?“

47. Јас сум јас – не се обидувам да бидам некој друг.

48. Се грижам за сите живи суштества на светот, затоа ги заштитувам животните, рециклирам и не фрлам отпадоци.

49. Кога го запишувам она што го мислам и чувствувам, учам за себе.

50. Планирам однапред и размислувам што сакам да бидам кога ќе пораснам.