Мартинките влегоа во УНЕСКО

Мартинките влегоа во УНЕСКО

Подготвил: Весна Ивановска-Илиевска / vesna.ivanovska@fakulteti.mk



Мартинките станаа светско духовно културно наследство. Обичајот да се носат мартинки се впишани на репрезентативната листа на нематеријално културно наследство на човештвото под закрила на УНЕСКО. Апликацијата е изгласана на 12. состанок на Комитетот за заштита на нематеријалното културно наследство кој од 6 до 9 декември се одржува на островот Џеџу во Јужна Кореја. На состанокот присуствува Билјана Прентоска, новиот генерален-секретар при Националната комисија на УНЕСКО на Република Македонија.

Мартинките се мултинационална апликација, бидејќи обичајот не се практикува само во нашата земја, туку и во Бугарија, Романија и во Моладавија. Сите четири земји го подготвија досието рамноправно. На овој состанок на УНЕСКО на дневен ред ќе се најде и прославувањето на прославувањето на Хидерлез во Македонија. На агендата е и доделувањето на акредитации на невладини организации. На списокот на 50 невладини од цел свет се најде и Центарот за научни истражувања и промоција на културата ХАЕМУС од Скопје. Оваа организација веќе неколку години во март организира случувања за промоција и задржување на традицијата на мартинките во Македонија.