Дали знаете дека вашето куче може да ви го продолжи животот?

Дали знаете дека вашето куче може да ви го продолжи животот?

Освен што кучињата го намалуваат ризикот од појава на срцеви заболувања кај своите сопственици, тие исто така влијаат врз намалувањето на депресијата и нивото на холестерол во крвта.

Истражувањето спроведено во Шведска открило дека поседувањето куче може да го намали ризикот од појава на срцеви заболувања.

Во истражувањето учествувале речиси четири милиони луѓе на возраст од 40 до 80 години.

Поранешните истражувања потврдиле дека сопствениците на кучиња не се депресивни и дека нивните миленици им помагаат доколку се одлучат на изолација од светот.
 
Како што покажала студијата, тоа практично значи дека сопствениците на куче подобро реагираат на стрес, имаат поголема физичка активност и значително пониско ниво на холестерол во организмот.

Меѓутоа, битно е и која раса куче ќе изберете, а најмногу се препорачуваат златниот ретривер или обичен мелез.

Една од жените-учеснички во истражувањето тврди дека со своето куче до неговата смрт секој ден пешачела по 10 километри.