Дејвид Боуви бил страстен читател - читал по една книга на ден. Кои му биле омилени?

Дејвид Боуви бил страстен читател - читал по една книга на ден. Кои му биле омилени?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Дејвид Боуви почина, иако е целосно неприфатливо да се каже дека е мртов. Бесмртните не умираат.

Јавноста добро знаеше дека Боуви беше голем љубител на литературата. Џефри Марш, кустос на изложбата „Дејвид Боуви е“, организирана во 2013 година во Онтарио, го опишал Боуви како „лаком читател кој читал по една книга на ден“.

На изложбата биле претставени 300 предмети што го прикажувале приватниот живот на Боуви. Јасно е дека книгите го имале почесното место.

Ова се некои од неговите омилени наслови:

„Ноќите во циркусот“ – Ангела Картер
„Пари“ – Мартин Амис
„Мајсторот и Маргарита“ – Михаил Булкаков
„Судењето на Хенри Кисинџер“ – Кристофер Хиченс
„Ладнокрвно убиство“ – Труман Капоти
„Љубовникот на Леди Чатерли“ – Д.Х.Лоренс
„На пат“ – Џек Керуак
„Лолита“ - Владимир Набоков
„Брегот на една утопија“ – Том Стопард
„Внатре во китот и други есеи“ – Џорџ Орвел.

Извор: Nedeljnik.rs
Фото: Wikipedia