Без приспособување на околината нема инклузивност, вели Анита Стојчевска, специјален едукатор и рехабилитатор

Без приспособување на околината нема инклузивност, вели Анита Стојчевска, специјален едукатор и рехабилитатор

Образовните асистенти се едни од клучните чинители во спроведување на инклузивноста, смета Стојчевска, која членува во здружението „Сина светулка“, кое работи на унапредување на квалитетот на живот на лицата со аутизам, а е вработена во средното училиште ДСУ – РЦСОО „Киро Бурназ“ од Куманово.
Тоталната инклузија е процес кој доаѓа откако ќе се постигне одредено ниво на општествена зрелост, а ние како средина во која некаде нема ниту основни средства за хигиена во училиштата, тешко можеме да зборуваме дека сме ја достигнале и по четири месеци откако таа се воведе во образовниот процес.

Анита Стојчевска, специјален едукатор и рехабилитатор и магистер по малолетничка деликвенција, работи активно во проектите за инклузија на лицата со посебни потреби, особено во областа на унапредување на квалитетот на животот на лицата со нарушувања од спектарот на аутизмот. Таа смета дека почнавме да се движиме во некој правец и не тапкаме в место, но дека за целосна инклузија ни недостигаат уште многу работи.

Прочитајте повеќе на Деца.мк.