Серијата „Адолесценција“ ќе добие втора сезона

Серијата „Адолесценција“ ќе добие втора сезона

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Стивен Грем, кокреатор на серијата „Адолесценција“, најави дека втората сезона е во подготовка.

Иако успешната серија на „Нетфликс“ првично била замислена како мини-серија, самостојна приказна, Грем потврди дека тој и креаторот Џек Торн во моментов дискутираат за вториот дел.

На доделувањето на „Златните глобуси“, Грем откри дека иако е во рана фаза, планираат да ја пуштат втората сезона на „Адолесценција“ во следните неколку години.

- Не можам точно да одговорам на тоа прашање бидејќи тоа се наоѓа длабоко во мојот ум и умот на Џек, но ќе го извлечеме за три или четири години, затоа останете со нас - изјави тој.

Освен што е кокреатор на серијата, Грем и глуми, го толкува Еди, таткото на Џејми Милер (Овен Купер).

Серијата ја следи приказната на Џејми, проблематичен тинејџер кој е уапсен поради убиство на соученичка.

 

Награди и достигнувања


„Адолесценција“ освои неколку „Златни глобуси“. Овен Купер ја освои наградата за најдобар спореден актер, Ерин Дорти ја освои наградата за најдобра актерка во споредна улога за улогата на терапевтката Брајони Аристон, Стивен Грем ја освои наградата за најдобар актер за својата улога.

Исто така, серијата ја освои наградата за најдобра лимитирана серија.

Со вкупно 13 номинации и 8 награди „Еми“, серијата освои признание од критичарите, а истовремено се покажа и како голем успех кај публиката.

„Адолесценција“ се најде на второто место како најгледана серија на „Нетфликс“ на англиски јазик на сите времиња, со повеќе од 146 милиони прегледи во првите три месеци од премиерата.

Извор: 021.rs
Фото: Screenshot/YouTube