Почина кралот на народната музика - Шабан Шаулиќ

Почина кралот на народната музика - Шабан Шаулиќ

Познатиот пејач Шабан Шаулиќ почина во сообраќајна несреќа во Германија, пренесуваат белградските медиуми. Несреќата се случила во градот Билефелд, во Германија.

Роден на 6 септември 1951 во Шабац. Во текот на неговата богата кариера во медиумите и од јавноста го добил прекарот „крал на народната музика“.

Неговиот прв албум излезе во 1969 г. кога имал осумнаесет години, отприлика тогаш служел воен рок во Југословенската народна армија во Битола. До 1976 г., авторот на неговите песни бил Буца Јовановиќ, а од таа година сите свои песни ги пишувал лично.