Поради серија на „Нетфликс“, може да се отвори истрага за убиство од пред 55 години

Поради серија на „Нетфликс“, може да се отвори истрага за убиство од пред 55 години

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Документарната серија на „Нетфликс“ отвори нови прашања за атентатот што се случил пред 55 години, а поради неа, би можела да почне нова истрага.

По емитувањето на серијата „Кој го уби Малколм Икс“, државната канцеларија на окружниот обвинител на Менхетн објави дека повторно ги прегледува доказите во случајот на убиството на активистот за човечки права Малколм Икс, кој бил убиен во 1965 година. Окружното обвинителство работи на случајот со непротифтната организација „Иносенс проџект“, која се занимава со ослободување луѓе осудени за злосторства што не ги извршиле.

Малколм бил убиен во текот на говорот одржан на 21 февруари 1965 година во Њујорк. Имал само 39 години. За време на говорот биле присутни неговата сопруга и неговите деца.

Во 1966 година за неговото убиство биле осудени тројца мажи на доживотен затвор: Мухаме Азиз, Муџахид Абдул Халим и Калил Ислам.


Халим признал дека учествувал во атентатот, но инсистирал дека Азиз и Ислам се невини. Исто така, тврдел дека уште четворица биле вклучени во атентатот, но одбил да каже кои се. Тој го открил ова во 1977 година, заедно со деталните планови за убиството.

И покрај сведочењето на Халим, случајот никогаш повторно не бил отворен, а Азиз, кој денес има 81 година, сè уште се бори за да го исчисти своето име. Ислам починал во 2009 година. Двајцата цело време тврдеа дека се невини.

Серијата „Кој го уби Малколм Икс“ тврди дека Ислам и Азиз не биле присутни на местото на злосторството, а историчарот Абдур-Рахман Мухамед постави голем број нови прашања за тоа што навистина се случило тој ден.

Портпаролот на обвинителството откри дека почнале прелиминарен преглед на случајот.

Извор: Index.hr
Фото: Printscreen/Youtube