Од јули ќе имаме директни летови од Скопје до Сицилија и Сардинија
Од јули можеме слободно да планираме нови интересни патувања на едни од најпознатите светски туристички дестинации, Сицилија и Сардинија, до каде што директно ќе можеме да летаме од Скопје.
Од ТАВ Македонија соопштија дека летово „Визер“ воведува линии до Палермо, порта кон богатата и живописна култура на Сицилија, историја и светски позната кујна на Сицилија (од 15 јули, 3 пати неделно, секој понеделник, среда и петок) и до Алгеро, почетна точка за откривање на кристално чистите води и златните плажи на Сардинија (од 18 јули, 2 пати неделно, секој вторник и секоја сабота).
Авионските билети се веќе во продажба на веб-страницата на „Визер“.