Во градинка не се дружи со никого, не јаде и не оди во веце иако е редовен уште од јасли. Што може да е причината?
Моето дете има 3 години и си оди во градинка редовно уште од јасли, но во последно време не сака да се дружи со никого таму, не сака да оди во веце, не сака да јаде. Си седнува сам настрана и не сака да комуницира. Не плаче и не одбива да оди, напротив, сака да гледа што и како работеле во текот на денот преку слики и видеа што ги добиваме и се смее и раскажува. Плашлив е по природа и емоционален. Дома е комплетно друго дете, прави сѐ што треба да прави со оглед на возраста. Да напоменам, имаме и бебе од 5 месеци, па настанаа многу промени – од адаптација дома со бебето, одвикнување и одбивање на попладневната дремка. Се прашувам која би можело да е причината за да се дистанцира така во градинка и како да му се пристапи?
Одговорот од психологот прочитајте го на
Деца.мк