Едноставен експеримент покажува колку е ефективен сапунот во борбата против вирусите

Едноставен експеримент покажува колку е ефективен сапунот во борбата против вирусите

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Една учителка на деца од претшколска возраст од Австралија преку одлична демонстрација им објасни колку е важно миењето раце.

Учителката Аманда Лорензо во една чинија измешала вода, масло и бибер, при што мешавината им ја претставила на децата како вирус. Во друг сад ставила вода со сапун.

Кога едно од дечињата го ставило прстот во садот со „вирусот“, тој се закачил на неговите рачиња.

Детето првин го потопило прстот во чинијата со „вирусот“, а потоа во водата со сапун, и повторно во водата со „вирус“, па „вирусот“ веднаш се повлекол.

Извор: Twitter/The Guardian
Фото: Screenshot/Twitter