Новиот модерен аеродром во Саудиска Арабија е инспириран од пустината

Новиот модерен аеродром во Саудиска Арабија е инспириран од пустината

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Саудиска Арабија годинава почна да гради нов аеродром на западниот брег, чиј дизајн е инспириран од боите и текстурата на пустинските пејзажи. Аеродромот е дизајниран од „Фостер енд партнерс“ и е наречен Меѓународен аеродром на Црвеното Море.

Тој се гради на околу 15 километри од брегот на Црвеното Море, а треба да биде завршен следната година. Саудиска Арабија очекува аеродромот да го користат еден милион патници годишно до 2030 година.

Во близина на аеродромот се гради комплекс на хотели на Црвеното Море кој треба да го зголеми интересот на туристите за оваа дестинација. Аеродромот е замислен како влез во новиот комплекс на одморалишта.

Меѓу другото, во аеродромот ќе има сауни, ресторани и зелени површини, а ќе користи само обновлива енергија. Зградата со терминалот е дизајнирана така што да го заштити внатрешниот дел од силни сончеви зраци, па затоа ќе се троши помалку енергија за одржување на аеродромот.


Автор: Том Равенскрофт
Извор: dezeen.com
Фото: The Red Sea