Ќерка ми има толкав инает, што дури не си мие лице и заби зашто „така сака“. Проблемот се продлабочува и не знаеме како да постапиме

Ќерка ми има толкав инает, што дури не си мие лице и заби зашто „така сака“. Проблемот се продлабочува и не знаеме како да постапиме

Имам петгодишна ќерка и проблем со инаетот, ако можам да го употребам терминот како карактерна особина. Многу често се случува едноставно да заглави на „сакам“ или „не сакам“ и ништо да не може да ѝ го смени мислењето додека не го добие тоа што го бара или не се откажеме во намерата да ја натераме да го направи тоа. На пример, наутро пред да замине во градинка, одбива да ги изврши редовните хигиенски навики како миење лице, заби и мочкање, само затоа што едноставно не сака да го прави тоа. Кога ја прашувам зошто не сака, ми вели „така, не сакам“. И без разлика на моите објаснувања колку е важно да го прави тоа, останува на „не сакам“. Па оттука настанува и драмата, ние упорни, таа упорна, што најчесто ескалира во викање и плачење. Или ако сака да оди на одредено место, а во моментот не е возможно, може со саати да повторува дека сака да оди таму, со плачење, лутење. Или ако сака да се види со некое другарче, а тоа не може да се изведе, повторно е драма и заглавување, одбива да игра со кое било друго само затоа што не е тука другарчето што го бара. Сме ги пробале сите тактики, од разговор и објаснување, казни, закани до игнорирање… Дали ние грешиме некаде, а не знаеме како да се поправиме или ситуацијава е за посериозен третман? Проблемот го гледаме како голем поради тоа што ова се случува од нејзина 2-годишна возраст, а се продлабочува како што расте.

Одговорот од психологот прочитајте го на Деца.мк