На Венера има вулканска активност, покажува истражување

На Венера има вулканска активност, покажува истражување

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Веќе половина век научниците се обидуваат да забележат вулкани што еруптираат на Венера. Благодарение на сликите од вселенско летало кое повеќе не е во функција, научниците забележале дека еден вулкан на Венера ја менува формата, се шири и изгледа како стопена карпа да се прелива над неа.

- Се обложувам дека има ерупција на езеро од лава - изјавил Роберт Херик, научник од Универзитетот „Алјаска Фербенкс“ и еден од авторите на нова студија која го објаснува откритието.

Хенрик и негов колега го забележале кратерот на радарски снимки направени од вселенското летало „Магелан“ на НАСА во 1991 година. Резултатите ја изненадиле научната заедница, а експертите очекуваат да пронајдат повеќе еруптирачки вулкани на Венера кога две нови вселенски летала со најсовремени радарски системи ќе пристигнат на планетата во 30-тите години на овој век.


Фото: Pixabay

Доказите за тековната вулканска активност на Венера имаат егзистенцијални импликации. Планетата е многу слична по големина и состав на Земјата, но водата веројатно испарила многу одамна, за време на мистериозна катаклизма.

Климатските промени предизвикани од апокалиптични ерупции остануваат главни причини за ваква катаклизма. Со разбирање на денешните вулкани на Венера, научниците можат да научат повеќе за можната иднина на Земјата и други светови.

Непроѕирната атмосфера на Венера спречува нејзината површина да се гледа од Земјата. Само неколку вселенски летала го фатиле пејзажот нурнувајќи низ облаците, но не преживеале повеќе од еден или два часа.

Извор: National geographic
Насловна фотографија: Pixabay