TPVision вработува промотер/ка на Philips TV и аудио

TPVision вработува промотер/ка на Philips TV и аудио

Работна позиција: Промотер/ка на Philips TV и аудио

TPVision (https://www.tpvision.com/) како сопственик на брендот Philips во сегментот на телевизори и аудио, со преставништво во Софија, Р. Бугарија за следните земји: Македонија, Албанија и Косово има потреба од промотер/ка или унапредувач на продажба. Работната позиција е наменета за Р. Македонија поточно Скопје, со можност за повремени патувања во земјата и странство.

Одговорности и задачи:
Презентација на карактеристики и продажба на Philips телевизори и аудио пред крајни купувачи. Промоциите и продажбите се одвиваат во дел од продажните објекти кои имаат договор за продажба на Philips TV (Нептун, Техномаркет или СЕТЕК).

Услови
- изразени комуникациски и презентациски вештини
- способност за тимска работа
- основно познавање на Microsoft Office
- навремено извршување на зададените обврски
- способност за повремени, периодични патувања во земјата и странство
- креативност и самоиницијатива при работењето ке се сметаат за предност во пробниот период

Поволности:
Пријатна работна атмосфера, договор на неопределено со полно работно време после пробен период, навремена исплата на плата + надомест за годишен одмор, целосен одмор според законски нормативи, надоградба преку платени обуки во регионот, збогатено искуство во CV со работа во интернационална компанија.

Месечни нето примања: 30.000 ден. + бонуси

Апликациите со CV и слика испратете ги на: kiril.trajkov@tpv-tech.com

Oдбраните кандидати ке бидат контактирани. Селекцијата на кандидати ќе се одвива во неколку фази.

Краен рок за аплицирање: 1.4.2023