Најголемите трагедии од пожари во ноќни клубови во последните 25 години
Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 59 лица, се најде на листата со најтрагични пожари во ноќни клубови и на музички настани.
„Асосиејтед прес“ објави листа со вакви трагедии.
Во април 2024 година во пожар во ноќен клуб во Истанбул, Турција, беа заробени работници додека локалот бил затворен за реновирање и во трагедијата загинаа 29 лица.
Во октомври 2023 година во пожар во ноќен клуб во шпанскиот град Мурсија, кој се прошири во два други клуба, загинаа 13 лица.
Во јануари 2022 година во Соронг, Индонезија, изгоре ноќен клуб откако две групи се судрија во зградата. Во оваа трагедија беа убиени 19 лица.
Во јануари 2022 година во пожар во ноќен клуб во Јаунде, главниот град на Камерун, кој предизвика експлозии, загинаа 17 лица.
Во декември 2016 година 36 лица загинаа во пожар во магацин во Оукленд, Калифорнија, кој бил претворен во резиденција и простор за настапи на артисти.
Во октомври 2015 година во пожар што изби при пиротехничко шоу на рок-бенд во ноќен клуб во Букурешт, Романија, загинаа 64 лица, а повредени беа 190.
Во јануари 2013 година во пожар во ноќен клуб во градот Санта Марија, Бразил, загинаа повеќе од 200 лица. Истражителите соопштија дека пена за звучна изолација на таванот се запалила и така биле испуштени отровни гасови што брзо ги убиле присутните на студентската забава.
Во декември 2009 година 152 лица загинаа кога пожар изби во ноќен клуб во Перм, Русија. Пожарот започнал откако пиротехника во локалот го запалила пластичниот таван декориран со гранки.
Во јануари 2009 година, исто така, пиротехника во затворено по одбројување за дочек на Новата година предизвика пожар во клуб во Бангкок, Тајланд, по што загинаа 67 лица, а многу беа повредени. Жртвите починале од изгореници, вдишување чад и од згмечување.
Во септември 2008 година во пожар загинаа 44 лица во ноќен клуб во Шенжен, Кина, откако настанало стампедо по избивање пожар од пиротехника со која бил запален таванот.
Во декември 2004 година во Буенос Аирес, Аргентина, при пожар во клуб загинаа 194 лица откако се запалила пената на таванот. Сопственикот на клубот беше осуден на затворска казна во траење од 20 години за предизвикување смртоносен пожар и за подмитување. Другите добија поблаги казни.
Во февруари 2003 година во пожар во ноќен клуб во Вест Ворвик, во американската сојузна држава Род Ајленд, загинаа 100 лица, а беа повредени повеќе од 200. И тој бил предизвикан од пиротехника, па се запалила пената во клубот.
Во декември 2000 година во пожар за кој се велеше дека избувнал поради незгода при заварување загинаа 309 ица во дискотека во кинескиот град Луојанг.
Извор:
AP
Фото: Freepik