Рекорди и историски моменти од 98. доделување на „Оскарите“

Рекорди и историски моменти од 98. доделување на „Оскарите“

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Овогодишното доделување на „Оскарите“, кое се одржа во неделата, донесе низа интересни факти и рекорди. Акциониот хорор „Грешници“ на режисерот Рајан Куглер влезе како апсолутен рекордер со 16 номинации, иако имаше силен ривал, филмот „Една битка по друга“.

Анимираниот хит „Зоотропола 2“ оствари најголема заработка меѓу номинираните, 1,86 милијарди долари глобално.

 

Филмот „Аватар: Оган и пепел“ заработи 1,48 милијарди долари, додека во категоријата најдобар филм најголем приход имаше трилерот „Формула 1“ со 632 милиони долари.

Ема Стоун постави два рекорда: на 37 години стана најмладата актерка со седум номинации за „Оскар“, надминувајќи ја Мерил Стрип. Таа, исто така, стана единствена актерка чии први пет номинации биле за улоги во филмови номинирани и за најдобар филм.

 

Интересен е и случајот со „Франкенштајн“.  Поминале 207 години од објавувањето на романот на Мери Шели (1818) до неговата филмска адаптација во 2025 година, во режија на Гиљермо дел Торо.

Неколку номинирани актери се истакнаа и по долгогодишната соработка со режисери: Итан Хок со Ричард Линклејтер (девет филма), Мајкл Б. Џордан со Рајан Куглер (пет филма), како и Ема Стоун со Јоргос Лантимос. Ренате Рајнсве и Јоаким Трир имаат три заеднички остварувања.

Џеси Бакли стана првата Иркинка што освои „Оскар“ за најдобра главна женска улога, по претходните номинации на Сирша Ронан и Рут Нега.

 

Бред Пит го прекина 35-годишниот тренд - неговиот филм „Формула 1“, покрај техничките категории, беше номиниран и за најдобар филм, нешто што последен пат му успеа на „Убавицата и ѕверот“ во 1991 година.

Филмот „Кеј-поп Ловци на демони“ беше фаворит за две награди: најдобар анимиран филм и најдобра оригинална песна, изведена од групата „Хантрикс“.

Тимоти Шаламе стана најмладиот актер, по Марлон Брандо, со три номинации за „Оскар“, додека рекордот за најмлад добитник и понатаму го држи Адриен Броди за филмот „Пијанистот“.

Филмот „Една битка по друга“ е 12. филм на Леонардо ди Каприо номиниран за најдобар филм, со што се израмни со Роберт де Ниро.

„Кум 2“ беше првиот филм на Де Ниро во оваа категорија, по што следуваа „Разгневениот бик“, „Добри момци“, „Џокер“ и „Ирецот“.

Извор: b92.net
Фото: Screenshot/Youtube